Близок партиски човек на Заев дел од инцидентот со полицијата во Кисела Вода

Во кафулето „Манго“ во населбата Кисела Вода, доцна попладнево се случил инцидент, при што дел од гостите грубо им се спротивставиле на полициски службеници, кои во моментот вршеле контрола.

Во локалот, заедно со лицата кои ги навредувале полицајците, бил и поранешниот советник на Зоран Заев – Филип Андов Сокол, кој од неодамна е назначен за директор на затворот Шутка.

Групата почнала да се конфронтира со полицијата бидејќи кафулето требало да се затвори поради истекот на работното време, кое во моментот е до 18 часот. Со пцости и закани кон полицијата, две лица кои седеле на иста маса со Андов одбивале да си заминат од кафулето, а расправијата се вжештила надвор, пред локалот.

Поднесени се прекршочни пријави, по четири различни основи за двајцата кои биле со Андов, но не и за него. Пријавите се за неносење маска, дрско однесување, непослушување наредба и оддавање на пијанство на јавно место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.