
Близок соработник на српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирусот и хоспитализиран во болницата во Земун. Според српските медиуми, станува збор за поп кој служел велигденска литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград. На неделната литургија таму присуствувале десетици верници, а попот сам се пријавил кај надлежните откако ги почувствувал првите симптоми, пренесува „Нова С“, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ.
Тестирани биле и дваесетина лица поврзани со белградската црква.
На велигденската литургија верниците се причестувале од иста лажичка и чаша.