Близу Каиро откриена гробница на ќерка на фараон од XIII династија

Гробница на принцеза од тринаесеттата династија на древните египетски фараони е откриена во Дахшур, јужно крај престолнината Каиро, во близина на пирамида на фараон, соопшти министерството за старини на Египет.

До откритието дошле египетски археолози на 600 метри од пирамидата на фараонот Емнкамау. Според научниците, оваа гробница е непосредно поврзана со другото откритие пред неполн месец, односно остатоците од древните пирамиди градени во периодот од XVII век пред нашата ера. Тогаш археолозите, расчистувајќи го песокот од елементите на влезниот портал со надолни скалила, открија дека коридорот води до внатрешниот дел на пирамидата кон погребната одаја. Сега истражувачите успеале да влезат во нејзината внатрешност, откако претходно го ослободиле проодот од камења.

dahsur 01
„По напорната работa за расчистување на одајата од карпите пронајдовме дрвена кутија, покриена со три линии од хиероглифи. Овие ритуални симболи имаат големо значење, затоа што според древно египетското верување се наменети за заштита на упокоениот. Овие хиероглифи се своевидни амајлии“, изјавил директорот на древниот комплекс Дахшур, Адел Окаша.

Според помошникот министер за старини Шериф Абдел Муним, во дрвената кутија, најверојатно, своевремено биле чувани канопите, четирите садови кои се користат во процесот на мумификација, каде што ги чувале органите на покојните, длабок како тегла сад од алабастер кој вообичаено се полнел со специјалниот балзам донесен од градот Каноб, од каде што и доаѓа нивниот назив. Каде биле однесени самите канопи, археолозите во моментов не можат да дознаат, но нивната содржина се зачувала до денес во дрвената кутија, завиткана во ткаенина: белите дробови, црниот дроб, цревата и желудникот на покојникот.

dahsur 03Дешифрирањето на откриените пред еден месец таблички со хиероглифи им овозможило на научниците да утврдат дека пирамидата и гробницата се посветени на принцеза, ќерка на фараонот Емникамау. Но тие не можеле да допрат директно до мумијата, доколку таа уште постои и не била украдена од древните диви ограбувачи на археолошки локалитети.

Саркофагот кој се наоѓа во оваа гробница, според истражувачите, е во многу лоша состојба, и археолозите сé уште не се решаваат да го отворат стравувајќи за да не ја уништат засекогаш целата конструкција. Меѓутоа, тие имаат намера да го отворат веднаш штом ќе се осигурат дека може да го сочуваат саркофагот.

Дахшу е местото на коешто кралот Снеферу од IV династија пред околу 4.600 година ја изградил првата древноегипетска пирамида со заоблени рабови, 104 метри високата Црвена пирамида. Снефуру бил наследен од синот Кхуфу, познат по градењето на Големата пирамида во Гиза којашто со својата височина од 138 метри претставувала чудото на древниот свет.

dahsur 02
За XIII династија фараони, која владеела од 1794 до 1645 година пред нашата ера, во ткн втор преоден период, засега малку е познато. Науката досега не успеа да ја утврди точната хронологија на имињата на нејзините претставници, бидејќи и малубројните извори кои им се достапни на истражувачите се значително оштетени. Според историските податоци, фараоните од оваа династија потекнувале од Фив, а периодот на нивното владеење се опишува како епоха на немири и хаос, но и во тие услови древен Египет останал релативно стабилна држава. Престолнината на земјата во тој период била во Иттауи, во близина на современиот град Фајум.