Телекомуникацискиот оператор „Близу” денес промовира неколку новости во своето портфолио, кои се однесуваат на видео и интернет-услугите на операторот.
Од денес, дури осум нови канали се вклучени во дигиталната понуда на „Близу” – RTL, RTL 2, RTL+, RTL Kockica, Jugoton, CMC, ELTA 1HD и ELTA 2. Каналите се од балканско подрачје (Хрватска и Босна Херцеговина) и се дел од пакетот „Балкан 8+“. Сите корисници на дигиталната телевизија на операторот ќе уживаат бесплатно во овие канали до 01.08.2014 г.
Истовремено, „Близу” ја промовира новата Wireless Digital Voice Gateway технологија, која претставува комбинација помеѓу кабелски модем со вградена можност за телефонија, 4-портен „gigabyte switch“ и WiFi рутер. Овие мултифункционални модеми ќе бидат бесплатно вклучени во одредени интернет-пакети и пакети со три услуги.
Дополнително, операторот бесплатно ќе го вклучи пакетот „Супер плус“ (SK Prime, Ultra, Cinemania, Golf, Lov i Ribolov) во сите пакети со три услуги.
„Овој месец промовираме неколку клучни новитети во нашето портфолио – нов пакет со дури 8 нови канали од балканското подрачје, како и нова технологија во нашата мрежа со која значително го зголемуваме квалитетот на услугите и дополнителните можности на нашата опрема. Навистина сме горди на постигнатото изминатиот период и ни претставува огромно задоволство што нашите корисници ќе можат да уживаат во овие придобивки“, изјави Искра Секуловска, маркетинг-директор во „Близу“ .
Од операторот во претстојниот месец најавија бројни наградни игри и настани кои ќе го одбележат почетокот на оваа промотивна акција.