Блокиран Бит Пазар поради дислокација на диви тезги

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Улицата Крсте Мисирков кај Бит Пазар во правец кон ТЦ„Мавровка“ е затворен поради дислокција на диви тезги.

Од МВР потврдуваат дека полицијата асистира на надлежните служби задолжени за дислоцирање на нелегалните трговци, но засега нема пријава за инциденти.

Одредени медиуми јавуваат дека имало судир на полицијата со тезгаџиите.