Граѓани денеска го блокираа патот Битола – Кичево, каде побараа реконструкција на патниот правец.
Тие преку мирни протести го искажаа своето незадоволство.
Целта на овој протест е патот, самите дупки зборуваат, тој е уништен веќе. Од 71-72 е граден и досега неквалитетно само се крпат дупките. Граѓаните се гневни, а властите нема доволно слух“, вели еден од демонстрантите.
Граѓаните велат дека протестите ќе бидат се додека не се реши овој проблем.