Блокиран сообраќајот на патот Гостивар-Маврово кај национален парк „Бунец“

Сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово кај национален парк Бунец е блокиран од 10:00 часот.

 Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е блокиран поради јавен собир на околу 100 жители од село Горна Река.