Блокирана помошта за милиони Американци

Пратениците во американскиот Конгрес ги блокираа во четвртокот обидите за измена на пакетот помош на загрозените во пандемијата на коронавирусот, со што ги отфрлија апелита на републиканскиот претседател на заминување Доналд Трамп за поголеми суми за поттикнувања и ја загрозија исплатата на помошта за милиони Американци.

Демократите во Претставничкиот дом сакаат да ја зголемат директната помош за граѓаните од 600 на 2.000 долари по лице во рамките на иницијативата а кономска помош во борбата против коронавирусот. Претседателот Трамп, исто така, бара зголемување на оваа сума, меѓутоа аргументи против имаа републиканците кои го блокираа ова барање.

Републиканците имено настојуваат да ја намалат сумата за помош на други земји која е вклучена во истиот пакет, настојувајќи да одат во прилог на барањето на претседателот Трамп, но демократите го отфрлија ова нивно барање.

Доколку Трамп со својот потпис не го потврди овој законски предлог, финансиската помош за околу 14 милиони невработени Американци ќе започне да се укинува од сабота, а мораториумот на ислелувањата (деложации), кој истакува на 31-ви декември , нема да биде продолжен за уште еден месец.

Многу демократски пратеници тврдат дека покетот за помош во износ од 892 милијарди дилари не е доволен за борба против пандемијата и го поздравија апелот на Трамо за негово зголемување.

Претседателката на Претставничкиот дом, лидерка на демократите Ненси Пелоси, изјави дека во понеделникот ќе се гласа за зголемувањето на сумата за помош.

Избраниот претседател Џо Бајден реле дека поголемиот пакет помош ќе биде потребен во пандемијата, но неговиот преоден тим не сакаше да го коментира развојот на настаните. Белата куќа, исто така, не ги коментираше случувањата во Конгресот.