Блокирана страницата на Facebook на руската делегација на преговорите во ОБСЕ

Социјалната мрежа Facebook од петокот ја блокирала официјалната страница на руската делегација на преговорите во Виена за воената безбедност и контрола на вооружувањето во Европа, потврди во неделата за руските медиуми шефот на делегациајта Константин Гаврилов.

„Во петокот Facebook ја забрани страницата на делегацијата, повикувајќи се на забранета содржина“, изјавил Гаврилов за агенцијта ТАСС.

Според него, станув збор за тоа што претставници на делегацијата на страницата на социјалната мрежа смо ги реобјавиле изјавите од руските челници и руското министерство за надворешни работи.

Поради тоа, делегацијата ќе се реагира за проблемот до водството на Организацијата за безбеднсот и соработка во Европа (ОБСЕ). Се потсетува и дека и во февраури 2021 година, другата американска социјална мрежа Twitter, исто така, го блокирал профилот на руската делегација во Виена.

Другата руска агенција РИА се обратила до Facebook за коментар откако во обид да се пристапи до страницата се појавила пораката „Содржината е моментално недостапна. Сопственикот можеби ја отстранил содржината или го ограничил пристапот до неа“.

Од почетокот на седмицата се одржуваат низа консултации меѓу Русија со САД, НАТО и европските западни сојузници во врска со безбедносните гаранции кои ги бара Москва за неширење на Алијансата кон нејзините граници, непримањето во членство на нејзините соседни земји и нераспоредување стратешко вооружување. Таквите барања Западот ги отфрла, но сепак преговорите продолживаат.

Главна тема на разговорите се предолизите за нацрт-договорот со САД и договорот со НАТО кои руската страна кон крајот на минатата година ги запозна Вашингтон и неговите европски сојузници. Во нив Москва инсистира да биде прекината воената соработка на блокот со постсоветските земји, да се откаже од воспоставување воени бази на нивна територија, ограничување на распоредувањето на офанзивното оружје во близина на руските граници, како и повлелување на американското нуклеарно оружје од Европа и правно обврзувачки договор за неширање на НАТО на исток.

Западните челници ведбнаш ги отфрлија повеќето од барањата, особено за одбивањето на членството во НАТО на земјите соседи на Русија, но оти се подготвени да разговараат за другите аспекти од безбедноста. Сепак, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека од западните соговорници добил уверување дека следната седмица Москва ќе добие официјални писмени одговори на предлозите.

Притоа шефот на руската дипломатија истакан дека на Русија ѝ се потребни конкретни одговори по секој член од предлог-договорот, од што ќе зависи и натамошните активности на Мосвка и шансите за продолжување на преговорите.