Блокирани бензинските пумпи во Полска поради поскапувањето на горивата

Возачи во Полска денеска ги блокираа бензинските пумпи во знак на протест поради поскапувањето на горивата.

Возачите ги блокираа пумпите така што неколку десетици автомобили и мотоцикли точеа минимално количество гориво, а потоа со доцнење на плаќањето на сметките и намерно доцнење предизвикаа голема гужва.

РИА Новости објави дека на социјалните мрежи е објавено дека блокадите се организирани на бензински пумпи во различни региони на Полска.

Неодамна, значително зголемување на цените на моторните горива е забележано во Полска. Во мај годинава горивото за приватните потрошувачи е за 35,4 отсто поскапо од лани и пет отсто повеќе од април годинава.

Сегашната просечна цена за литар безоловен бензин од 95 октани е околу 1,86 долари.