И покрај доцнењето на финансиската помош на Владата за плати кон фирмите, а со тоа и исплатата на платата на работниците, УЈП преку Центарот за наплата и глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата (најголем број сообраќајни прекршоци изречени од страна на МВР за сторен сообраќаен прекршок, Министерството за транспорт и врски и други државни органи).
Половина од нив, или околу 7.000, добиле блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3.000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по најранливата категорија на луѓе во Македонија.
Останатите, или приближно околу 7.000 граѓани, добиле решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи (за казни од МВР, СУД, Министерството за транспорт и врски, во висина од 100 до 500 евра).
Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слејат повеќе од 2 милиони евра, пари од џебот на граѓаните.
Да е уште потрагично, по основ на глоби изречени од МВР, МТВ и други државни органи се блокират неосновано голем број на граѓани – спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото.