Индискиот премиер Нарендра Моди годинава нема да го одржи годишниот состанок на врвот со рускиот претседател Владимир Путин наводно поради неговите „прикриени закани“ дека ќе употреби нуклеарно оружје во војната во Украина, известува во петокот Bloomberg News повикувајќи се на „добро упатени“ извори.
Путин во средата повтори дека Русија ќе го брани својот територијален интегритет и суверенитетот, како и нејзините сојузници“ со „сите достапни средства“. Путин додаде дека токму САД а не Русија го распоредуваат ткн „тактичко“ нуклеарно оружје во другите земји.
Идентичната изјава на рускиот челник летото на Западот предизвика оцени и критики дека Путин наводно се заканува со нуклеарно оружје, а Москва посочува дека станува збор за дел од западната пропаганда и дека десетина дена пред таа изјава сега веќе поранешната британска премиерка Лиз Трас јавно во изјави за медиумите повикуваше на ткн „превентивен нуклеарен удар“ на НАТО врз Русија.
Моди и Путин се сретнаа во септември во Узбекистан на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС – SCO) и повеќепати телефонски разговараа годинава, вклучително и на темата на војната во Украина.
Индија, којашто има тесна соработка со Русија во одбранбениот индустриски сектор, стана вториот најголем купувач на руска нафта по Кина, набавува храна и прави планови за снабдување со рускиот гас, настојува да го намали растечкиот трговски дефицит со Москва. Њу Делхи не ја осуди, како што инсистираше Западот предводен од САД, она што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Портпаролите на индиското министерство за надворешни работи и на руската амбасада во Њу Делхи не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар на написот на Bloomberg.
Неименуван руски функционер за Bloomberg наводно рекол дека одлуката на Индија годинава да не се одржи годишниот самит „била јасна“ на самитот на ШОС во Самарканд, каде Моди на Путин ми рекол дека „ова време не е време на војна“. Путин, инаку, го посети Њу Делхи во декември минатата 2021 година, на 21-годишниот самит Русија-Индија.