
Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумбер, кој влезе во трката за претседателски кандидат на Демократската партија, излезе од сенката во вторникот по изненадувачката победа во селото во коешто традиционално започнува гласањето на предизборите во сојузната држава Њу Хемпшир кои се следат со големо внимание.
Мајкл Блумберг, кој има намера да ја освои номинацијата на Демократската партија и да му се спротистави на републиканскиот претседател Доналд Трамп, освоил три од петте гласови во селото Диксвил Нотч.
Основачот на медиумската компанија којашто го носи неговото име, 77-годишниот Блумберг, не беш наведен на изборното ливче со 33 имиња во Њу Хепшир, вклучително и реномираните кандидати, оние кои испаднаа до трката и оние кои не се познати на национално ниво.
„Не се кандидиравме во Њу Хемпшир, но Мајк сеедно победи во Диксвил Нотч“, објавија од изборната кампања на Блумберг во електронска порака до медиумите со линк на веста за резултатите од изборите во селото близу границата со Канада.
Селцето Диксвил Нотч, во коешто според последниот попис живеат 12 жители, е познато по тоа што првото ги објавува изборните резултати, вклучително и за претседателските избори. Оваа традиција започнала на изборите во 1960 година кога веднаш по полноќ се собрале сите гласачи за веднаш да ја извршат својата граѓанска должност. Овој своевиден ритуал со текот на времето го привлекол вниманието на американските национални медиуми кои со големо внимание ги следат резултатите од Диксвил Нотч, иако тие речиси никогаш не се совпаѓаат со резултатите на локално односно на сојузно ниво.
Поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, Пит Бутиџиџ, и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, се главните фаворити на изборите во Њу Хемпшир, по одржаните предизбори во Ајова, каде што речиси сензационално но тесно победи далеку помладиот Бутиџиџ.