Блумберг: САД имаат потреба од многу повеќе имигранти, а не од помалку

Последно номинираниот кандидат во американската Демократска партија за претседателските избори следната година, Мајкл Блумберг, вчера изјави дека САД имаат потреба од „страшно многу повеќе имигранти, а не од помалку”, пренесоа американските медиуми.

На вториот ден од својата предизборна кампања поранешниот градоначалник на Њујорк изрази спротивни погледи со оние на претседателот Доналд Трамп, пренесе БТА.

-Имаме потреба од имигранти, кои ќе заземаат различни видови работни места од кои земјата има потреба, ќе ја подобрат културата, кијната, нашата религија и со сигурност ќе ја подобрат нашата економија, изјави милијардерот пред новинарите во еден мексикански ресторан во Финикс, во сојузната држава Аризона.

Блумберг повторно се извини дека како градоначалник на Њујорк ја поддржал праксата на полицијата да запира и претресува сомнителни лица.

-Колку пати сте слушнале луѓе на избрана функција да кажат „направив грешка“, запраша Блумберг. „Жалам што така се случи, не можам наново да ја пишувам историјата. Да продолжиме напред, рече тој.

Настанот беше организиран во кварт во Финикс, населен главно со латиноамриканци – демографската група која помогна во изборната победа на неколку демократи, откако децении наназад Аризона беше под доминација на републиканците.