Блумберг собира милиони за кампањата затворениците да може да гласаат за Бајден

Милијардерот Мајк Блумберг, кој по неупешната партиска номинација застана со своите финансии зад претедателскиот кандидат на Демократската парија, Џо Бајдени, собрал над 16 милиони долари за да им помогне на поранешните затвореници да го вратат гласочкото право во сојузната држава Флорида, една од клучните за исходот на американските претседателски избори на 3-ти ноември, потврдија неговите соработници во вторникот за весникот The Washington Post.

Поранешниот градоначалник на Њујорк во два мандата, кој се пријавуваше како независен, републикански и демократски кандидат, претходно објави дека има намера да потроши најмалку 100 милиони долари за да ја помогне кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден проти републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Во прелиминарните избори за номинацијата на Демократската партија, кнадидатите Берни Сандерс, Џо Бајден, Ејми Клобучар и Пит Бутиџиџ го обвинија милијардерот Мајкл Блумберг дека се обидува со парите што ги поседува да си го истрасира патот до победа на партиските избори, и посочија дека дотогаш потрошил над 400 милиони долари, и беше жестоко критикуван поради односот на полицијата кон афроамериканците во неговиот градоначалнички мандат особено од Бајден.

„Гласачкото право е основното во нашата демократија и тоа право не би требало да му биде укратено на ниеден Американец“, изјавил Блумберг во вторникот.

Додал дека работи со група активисти којашто им помага на поранешните осуденици да ги платат казните и да го остварат гласачкото право. Гласањето преку пошта инаку на Флорида започнува во четвртокот, на што се спротиставуваат републиканците кои сметаат дека резултатите може да бидат манипулирани и познати многу подоцна поради големиот период овозможен за прием и испраќање на гласовите по пошта.

Диналд Трамп победи на Флорида пред четири години, а републиканците сметаат на масовно учество на нивното гласачко тело во оваа сојузна држава. Трамп на изборите во 2016-та победи во клучните држави: Флорида, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Висконсин и Аризона.

Според анкетите, кои вообичаени немаат големо значење во кампањите во САД, Бајден на Флорида има само еден процен предност пред Трамп, покажува неделното истражување на Берни Сандерс, Џо Бајден, Ејми Клобучар и Пит Бутиџиџ го обвинија милијардерот Блумберг дека се обидува со парите што ги поседува да си го истрасира патот до победа на партиските избори.

Гласачите на Флорида во 2018 година го прифатија амандманот според кој гласачкото право им е гарантирано на сторителите на кривични дела кои ги отслужиле своите казни, а не сториле убиство или сексуално злосторство. Републиканците го поддржаа овој законн со кој се бара од поранешните осуденици да ги платат судските казни и глобите кои ќе им го вратат гласачкото право.

Федералниот апелациски сојуз претходно во септември, во нов состав го гласаше овој закон отфрлен од поранешниот состав според кој оваа мерка беше неуставна. Демократите и од нив финансираните неолиберални наводно невладини организации, во настојувањата да не доживеат нов пораз ги обвинуваат републиканците дека наводно носат закони со кои сакаат да им го укинат правот на глас на групите кои наводно се наклонети да гласаат за демократите.