![Miovski aberdin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Miovski-aberdin.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е прогласен за играч на сезоната во тимот на Абердин, на церемонијата одржана синоќа.
Напаѓачот на шкотскиот премиерлигаш се закити со две награди бидејќи победи и во изборот во кој учествуваа фудбалерите во тимот, а и воопшто, во изборот кој го прави клубот.
Ваквиот развој на настаните е апсолутно очекуван ако се знае дека Миовски е убедливо најдобар стрелец во екипата со 24 гола. Во Премиер лигата е трет стрелец во моментов со 14 гола, а пред него се само Шенкленд од Хартс со 21 и Таверние од Ренџерс со 17.