Апелација не го прифати барањето на адвокатот на Бојан Јовановски, Боки 13, за укинување на мерката притвор, поради опасност од бегство.
Јовановски останува во притвор, одлучи Апелациониот суд. Судиите ја отфрлија жалбата на адвокатот Сашо Дуковски со која бараше да му биде одредена алтернативна мерка за обезбедување на присуство. Судот смета дека се уште постои можност Боки 13 да избега и да биде недостапен за органите на прогон, како и да го повтори делото кое му се става на товар во случајот „Рекет“.
Јовановски бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствена состојба и неможноста истата да се третира во затворот. Дуковски пак, ги убедуваше судиите дека одлуката за продолжување на притворот која ја долнел Кривичниот суд не е издржана со аргументи.