На Плоштадот Магнолија во Битола, денеска се одржа протест поради пресудата од 18 месеци затвор за возачот кој во сообраќајка го усмрти младиот битолчанец, Оливер Петровски.
Семејството на загинатиот смета дека пресудата е срамна. Бара поддршка од сите, со цел да се изрази револт и да се побара правда.
Протестот беше под мотото „Стоп за неказнивоста за убијците со возила“.
Неговиот брат, Бојан Петровски, вели дека протестот е поради нелогично ниската и тенденциозна пресуда на судијката Татјана Петровска, која му дала срамна казна на обвинетиот, и покрај тоа што неговиот брат немал никаква вина за сообраќајката.
„Преку протест го искажавме нашиот револт и обзнанувам дека и понатаму ќе продолжиме да ги користиме сите конвенционални средства, со цел да издејствуваме поправедна пресуда на Апелација“, вели Бојан.
Сообраќајката во која Загина Оливер се случи на 29.7.2020.