ПГ на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифати законското решение поднесено од СДСМ бидејќи е несериозно и не решава ниту еден проблем. Напишано брзоплето, без никаков аргумент и економска логика што впрочем можеше да се види и од излагањето на колешката Тренчевска, изјави Драгана Бојковска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Истите оние што ја разурнаа македонската економија и што животниот стандард на граѓаните го донесоа на дното сега со лажна грижа нудат решенија што не можат да го подобрат животот на луѓето. Нов ден – ново економско промашување од партијата на богаташит од Дубаи. Најверојатно на пауза во хотелот Хилтон во Дубаи ја добиле идејата за да поднесат законско решение кое што и самите 4 пати го отфрлија во минатиот мандат.
Само за потсетување, тогаш го покачија ДДВ-то на над 2.000 прехрамбени производи. Доколку СДСМ сака навистина да им помогнат на граѓаните единствено што во моментот треба да направат е да гласаат за Буџетот за 2025-та година.
За повисоки плати на сите работници, за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на 4 нови автопати, за повисок студентски оброк, за реконструкција на студентски домови, за Ваучер од 250 евра за секој студент, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции. Имаме конкретен план кој дава резултати, посочи Бојковска.