Бојковска: Владата нема слух за секојдневните проблеми со кои се соочуваат младите во Македонија

„Се наоѓаме во сериозно катастрофално лоша ситуација во Република Македонија каде младиот човек не би можел да го види својот просперитет. Тоа е така бидејќи фокусот е ставен на корупција и нивните лични интереси наместо фокусот да го стават кон овие млади кои секојдневно се соочуваат со проблеми и ги истакнуваат јасно и гласно, а Владата нема слух“, истакна претседателката на републичките комисии на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска при денешната трибина Младински Политики во Куманово во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите!“.

Таа додаде дека иако програма на СДСМ во 2020-та година тие ја опишуваа дека Македонија е балканска ѕвезда водилка на дигитализацијата, тоа гледаме дека не е така бидејќи нема доволно вложување во технологијата.

„Не само што немаме доволно вложување во технологијата, во добар процес на дигитализацијата, компјутери, таблети и помагала во самите образовни процеси. Покрај тоа ние немаме учебници, се соочуваме и доведуваме во ситуација каде родителите одат во книжари и ги фотокопираат“, кажа Бојковска.

Бојковска ја истакна и Анкета на Евростат која се однесува на дигитализацијата.

„Би ја истакнала и анкетата на Евростат која конкретно се однесува на дигатлизацијата каде имаме повторно поразителна ситуација како и сите други области кои се однесуваат на младинската политика во Република Македонија. Според Евростат дури 64% имаме млади кои поседуваат основна дигитална писменост“, потенцираше Бојковска.