
Откако вчера експресно беше разрешен, денеска Јавното претпријатие „Улици и патишта“ доби нов в.д директор – Бобан Црничиќ.
Разрешувањето на претходниот директор Сенад Смаиловиќ следуваше откако полицијата во Струга кај него пронашла кесички со кокаин.
Имено, во полицискиот билет беше објавено дека на 15 август, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“, во Струга, полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.