![Boban Ilijoski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Boban-Ilijoski.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Професионалниот кик бокс турнир „WAKO PRO – ARENA FIGHT NIGHTS“ во организација на Кикбокс Маитаи Федерација на Македонија ќе се одржи во спортската сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во петок на 26.04.2024 година во 19 часот.
Главниот натпревар на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија – спортист на годината 2023, Бобан Илиоски ќе се соочи со актуелен светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES од Турција – Берк Дузенли (Berk Düzenli).
Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и македонскиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.
Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште седум други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО првенства.
Цена на влезницата изнесува 350 денари – А1, А2, А6, ВИП влезници 600 денари
На 24.04.2024 билетарата во СЦ Јане Сандански ќе работи од 17.00 часот