Бобан Илиоски стана светски кик бокс првак

Бобан Илиоски стана светски кик бокс првак откако во финалето на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов кој минатиот ноември ја освои и титулата европски првак во категоријата лоу кик до 86 килограми.

Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал.

Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0