Легендарниот репрезентативец на Хрватска, Звонимир Бобан, е убеден дека италијанскиот калчо гигант Милан никогаш не делувал поочајно и дека овој тим е најлошиот во ерата на Силвио Берлускони и Адријано Галијани.
„Ова е најлошиот Милан во ерата на Берлускони и Галијани. Убеден сум дека Милан нема да освои место кое води во Лигата на шампиони, нема да биде во топ-три. Од почетокот на сезоната, па до сега, Милан нема одиграно ниту еден добар натпревар. Минатата сезона, Милан одигра многу подобро, играше одлично на неколку натпревари иако на истите не освои ниту еден бод. Такво нешто не видовме во актуелната сезона”, изјави поранешниот фудбалер на Милан.