![Ivica Bocevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Ivica-Bocevski.jpg?resize=658%2C387&ssl=1)
Предвремените парламентарни избори како главно барање на опозицискиот политички блок во Македонија е оправдано бидејќи државата запаѓа во политичка криза откако поддршка за уставните измени не даде потребното 2/3 мнозинство. Дел од аналитичарите со став дека изборите требаше да бидат многу порано, за граѓаните да кажат дали треба да се отвора Уставот за Бугарите или пак не.
Вакумот во кој во моментов се наоѓа Македонија, според Боцевски може да се реши само со предвремени парламентарни избори. Потенцира дека сите ставови со кои владејачкото мнозинство се служи се неиздржани.
„Во моментов се наоѓаме во една ситуација на една небиднина, секој нареден ден за власта е губење значително на гласови, начинот на кој тие го оправдуваат ова, наводно дека некој е против ЕУ – не држи. Затоа што многу е јасно дека во Македонија не постои ниту една политичка сила која ја спори европската интеграција. И мора да се оди на предвремени избори. Сигурен сум дека после изборите нема да дојдат ангели небесни на власт, но барем ќе заврши овој кошмар кој почна со објавувањето на првата ‘бомба’ на Зоран Заев“, вели Боцевски.
Од друга страна, најголемиот дел од аналитичари сметаат дека претседателските треба да се случат заедно со парламентарните избори, за да се скрати двојниот трошок од државата каса.