По коридорот 10, и коридорот 8 стана дел од мапата на главни рути во регионот и Европа- министерот за транспорт и врски Бочварски ја потпиша одлуката на Европската Комисија, по барање на Македонија, Бугарија, Албанија и Италија.
Со овој анекс, патиштата кои ги сврзуваат исток и запад во земјава, ќе се сметаат за клучни трансевропски мрежи за транспорт, а ова според министерот е аргумент повеќе зошто треба побрзо да се изградат автопатите од договорот со Бехтел и Енка.
-За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10. Оттука сакам да ги повикам сите институции во државата и во регионот да се зафатат со работа, со својот дел од обврските и задачите, изјави Благој Бочварски – министер за транспорт и врски.
Означувањето на Коридорот 8 како клучна транспортна рута доаѓа во период кога во Собранието по скратена постапка и европско знаменце се менуваат пет закони поврзани со изградба на автопатите. По јавната реакција, делегацијата на ЕУ во земјава од Владата побара и писмено објаснување од која причина се користи европското знаменце за инфраструктурен проект, но дали имаат одговор, се уште не се знае. Сепак е познато дека власта го правда еу знаменцето токму поради важноста на патиштата за европските земји. За опозицијата тоа не е доволна причина за да се забрза процедурата, особено поради бројните негативни реакции во стручната јавност.
Во Комисијата за европски прашања од пакетот пет закони, пратениците стигнаа до вториот закон за урбанистичко планирање. Расправата заврши само за измените на законот за работни односи, а утре на собраниска седница е финалната фаза кадешто пратениците ќе гласаат дали да се продолжи на работната недела…