Новиот предлог закон за легализација на дивоградби не ги опфаќа сите бесправно изградени објекти, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Како што рече тој, законот е поминат на Влада и се очекува да влезе во собраниска процедура.
– Новиот закон не ги става во рамноправна позиција оние што бесправно граделе со оние коишто граделе согласно законот. Овие коишто бесправно граделе со овој закон се казнуваат со плаќање на дополнителни пенали, со 50% повисоки комуналии од редовните, или 100% ако се работи за објект поголем од 80 метри квадратни…Не значи дека ако некој градел бесправно во зона од Генерален урбанистички план за индивидуално домување да изградил индустриски објект дека тој ќе биде легализиран. Тој воопшто нема да биде предмет на легализација. Само согласно намената во ГУП – вели Бочварски.