Бочварски призна дека изградбата на многу патишта стои во место и не се изградени

На прашањето на Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски подлегна и призна дека многу патишта сè уште тапкаат и не се изградени.

„Како, како држава ќе направите механизам да исконтролирате со кои количини ќе ги проектира „Бехтил и Енка“ патиштата и делниците што сами ќе ги изведуваат“, праша Ивановски“, а Бочварски одговори во емисијата „Жешко политичко лето“.

Бочварски на ова прашање одговори дека се дава простор на истата компанија да проектира и да гради за да не се случува потоа судири на изведувач и проектант.

Бочварски призна дека многу патишта уште не се завршени иако досега требало да се завршат.

„На крајот од денот имаме проектирани патишта кои што се проектирале во 2002 година, а денеска се уште се градат“, рече Бочварски.