Боцвана на аукција ги продаде правата за стрелање на слонови, 43,000 долари за слон

Боцвана ги продаде правата за убивање на 60 слонови за 43,000 американски долари по животно, на првата голема аукција, после минатогодишното укинување на забраната за лов. Правата беа продадени на една аукциска куќа, Аукција ИТ ООД, пишува Блумберг. Владата продала лиценци во пакети за десет слонови, се вели во документите на една њујоршка агенција. Пакетите биле купени од препродавачи кои продаваат лиценци на ловци на трофеи за профит. Покрај трошоците за правото на убивање, туристичките ловци исто така мораат да ги платат и трошоците за ангажирање професионален водич за да ги придружува како и трошоците за подготовка на самиот трофеј.

Снопови на лиценци за пукање во различни делови на земјата беа продадени по цена од 3,6 милиони пули (326.520 долари) до 4,75 милиони. Седмиот пакет не ја достигна минималната цена утврдена од владата на два милиони пули.

Боцвана има најголемо население во светот на слонови, имено, околу 130.000 од овие џиновски животни шетаат низ саваните и мочуриштата. Земјоделците се жалат на зголемениот број на инциденти предизвикани од слоновите, загрозувајќи ги луѓето и земјоделските култури.

Бидејќи ловот на слонови нема да му наштети на населението и на овие животни, приходот од тоа може многу да им помогне на локалните заедници, тврдат тамошните власти. Туризмот е една петтина од економијата на Боцвана.

Владата на оваа земја издаде лиценци за убиство на 272 слонови оваа година, од кои 202 ловци ќе стрелаат 202 трофеи и ќе ги изнесат надвор од земјата. Сезоната за лов трае од април до септември. Повеќето ловци на слонови доаѓаат од САД, пишува Блумберг.