Претседателот на јужноафриканската земја Боцвана, Мокгвисти Масиси во петокот возвради дека некои од четворицата дипломати позитивни на омикрон варијантата на коронавирусот допатувале од Европа и повика на укинување на одлуката за ограничувањата за патувањата од југот на Африка коишто ги воведова многу држави.
Иако сѐ уште не еутврдено каде омикрон варијантата прво се појавил, Јужноафриканската Република (ЈАР) на 25-ти номеври извести дека идентификувала нова варијанта на вирусот SARS-CoV-2, а ден потоа истото го стори и Боцвана, по што многу земји во светот ги затворија своите граници за влез на лица од осум држави од југот на Африка.
Јужноафриканската Република се желеше дека е дека е казнета порд „научната извонредност“, истакнувајќи дека забраната за патуваеа нема никаква научно упориште.
„Доколку мене ме прашате, тоае е непотребно, да не кажам неодговорно. Дипломатите стасаа од бројни земји и минаа низ неколку земји пред да стасаа во Боцвана. Некои од нив дојдоа од Европа“, изјави за CNN претседателот Масиси.
Не сака да открие од кои земји конкретно дипломатите дошле, ниту низ кои земји минале, бидејќи „вирусот никогаш не би смеел да се користи во геополитички цели“.
Досега во Боцвана се идентификувани околи 20 случаи на зараза со новата омикрон варијанта на коронавирусот.