Боев: Предизвик ни е да озоможиме враќање на студентите во предавалните и лабораториите

Враќање на студентите во предавалните и лабараториите е главниот предизвик на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во новата 2022 година. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека враќање на условите пред пандемијата сепак не се очекува пред стартот на пролетта.

Според Боев, рано е и да се даде оценка колку онлајн наставата, и тоа не само на нивниот универзитет, им пружила квалитетно знаење на студентите. Според него, проблем не е користењето на дигиталните алатки, туку тоа што морало да се направи се одеднаш. Боев објаснува дека затоа се размислува за надоградување на дел од програмата на одредени факултети.

-Ние имаме доста информатички алатаки и како Универзитет не почувствуваме поголем проблем на тоа дека неможеме да поминиме на тие алатаки, меѓутоа јас сакав само да кажам дека преминувањето на од еднаш на таквите процеси не е добро и тоа треба да биде пособен процес, во којшто треба полека и полека се внесуваат и тоа е систем на внесување од некое друго образовние и тоа не само од високото образование. Туку и во делот на средното, основното образование, прашањата кои се поврзани со дигитализациајта на образовните курикулуми е исто така интересн феномен кој треба пополека да се внесува во системот вели Боев.

Ректорот на УГД-Штип најавува и привлекување поголем број на странски студенти. Лани во Штип пристигнале и се запишале околу 500 странци, а оваа бројка се очекува да се зголеми наредната академска година, бидејќи се очекува стартот на насоката Општа медицина на англиски јазик. Боев истакна дека програмата е веќе акредитирана.

Боев смета за да се спречи одливот на квалитетните кадри потребна е целосна автономија на универзитетите, а посебно во делот на планирањето на нивниот развој. Тој посочува дека поголемата автономија на универзитетите во земјава ќе значи и решавање на низа на проблеми кои ги имаат како високообразовни установи.