Богатинов: Ова е директен удар врз демократијата

Богатинов исто така рече и дека во последниве повеќе од две години во Македонија се води некој вид на специјална војна.

-Сега особено во последниве месеци, па и претходно, две и пол години како што ние веќе имаме наметната криза, дека сѐ наликува на нешто што можеби би се рекло е еден вид специјална војна. Се бираат само различни инструменти, вели Богатинов.