Заев сака да направи рефлексија на ситуацијата која ја има во Струмица. Таму има страв кај луѓето, таму не смееш да прашаш за било каква информација, вели уредничката на Канал 5 Лидија Богатинова во емисијата „Акцент“ на МРТ.
Човек што работи во јавна институција живее во страв, не смее да ти даде изјава бидејќи се плаши дека некој од неговото семејство, ќе настрада од него. Целиот тој страв сака да рефлектира на целата држава. Сите да се плашиме, да живееме во исчекување, да вика народот дај да го избере затоа што нешто ќе ни се случи. Кој е тоа став?, вели Богатинова.