Богатството на најбогатите Американци се зголемило за 10 отсто, додека 26 милиони останаa без работа

Севкупното богаство на американските милијардеrи, меѓу кои се основачите на „Amazon“ Џеф Безос и на „Tesla“, Илон Маск, пораснало во текот на епидемијата на коронавирусот за 10 отсто, објави во средата Институтот за политички науки (IPS).

Од средината на март без работа останале 26 милиони Американци, што одговара на 16 отсто од вкупниот број вработени во САД, соопштија во четвртокот од американската влада.

Малку подоцна медиумите го пренесоа истражувањето на PSI, според кое истовремено пораснала вредноста на сопственоста на најбогатите Американци.

И покрај тоа што целата економија е во рецесија, акциите на технолошките компании како „Zoom“ скокнаа последните денови поради зачестените видео-конференции и користењето на технологијата за работа на далечина, зголемувајќи го богатството на нивните основачи кои ги задржаа големите удели во овие компании.

„Ова е приказна за две пандемии, но со нееднакви жртви“, изјави коавторот на извештајот, Чак Колинс.

Во периодот меѓу 1-ви јануари и 10-ти април, 34-те најбогати американски милијардери го зголемиле своето богатство за десетици милиони долари, се наведува во извештајот.

Осиммина од нив, пак, меѓу кои се Безос, Маск и основачот на „Zoom“, Ерик Јуан, заработиле секој посебно, по над милијарда долари.

Богатството на американските милијардери во последните десет години се зголемило за повеќе од 80,6 осто, се наведува во извештајот на IPS.