Распоредувањето американска воена техника во еден од главните центри за производство на нафта во Сирија, во регионот Румејлан, во провинцијата Хасеке, води кон ескалација на тензиите во земјата, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за земјите од Блискиот исток и Африка, заменик министерот за надворешни работи, Михаил Богданов, пренесе Тасс.
-Не можеме да го поздравиме тоа (префрлањето на американска воена техника). Напротив, тоа води само кон непотребна ескалација и тензии, го цитира руската агенција замнеик министерот Богданов. сд