По критиките во јавноста дека градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за време на полицискиот час е виден во угостителски објект, тој во изјава за порталот А1он, вели дека немал друг начин како да се види со пријатели од Србија, кои биле дојдени на гости. А, протоколот не бил прекршен, бидејќи тој, заедно со нив, изнајмил соба во хотелот.
Само ден претходно, Богдановиќ демантирајќи ја веста, кажа дека таа вечер, сместувал гости од Белград во хотел, како и новиот кошаркар на „Работнички“.
„Во хотелот не можеш да влезеш, ако не си гости. Јас прво што направив, си резервирав соба, бидејќи немав друг начин да се видам со пријатели, гости кои ги
сместив. Имав пријатели од Белград, а таму имаме и кошаркар од Работнички. Бидејќи не можев да го видам последниве 2-3 дена, поради некои работи, се договоривме да отидам, да си ја резервирам собата, поминав време со нив до кај 9:30/10:00 и потоа секој си отиде во соба. Дојде Пазарна инспекција, ме затекна во соба и тоа е тоа. Немам кај да ги носам гостиве, дојдени се на еден ден, не можам да ги носам дома, не работи ништо, затоа отидов со нив“, вели Богдановиќ за „А1он“.
Прашан дали го изиграл протоколот за да се гоштева со друштво, тој смета дека не е така.
„Не го изигруваме протоколот. Протоколот е за гости во хотел. Ние сме гости. Јас
завршив со работа во 18:30/19:00, а за саат време не можевме да се видиме. Викам, подобро ќе одам ќе резервирам и за вас и за мене, ќе си преноќиме, сабајле ќе ве испратам и тоа е тоа“, вели Богдановиќ.
За овој потег на градоначалникот на општина Центар, граѓаните на социјалните мрежи жестоко реагираа. Ова се дел од нивните коментари: