Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, децата кои таму остваруваат успеси станаа жртва на бизнис интерес  

4671

Откако аферата „Рекет“ експлодираше во македонската јавност, многумина сметаа дека ваквите нелегални дејности и злоупотреби на власта и моќта од страна на функционерите на СДСМ ќе запрат, но очигледно тоа не се случи.

Па така, речиси секој ден пристигнуваат информации за нови случаи на користење на моќта од страна на функционерите на СДСМ.

Најновиот пример е во општина Карпош, каде градоначалник е Стефан Богоев кој важеше за исклучително близок до Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Имено, Богоев и општината се обидуваат неосновано и незаконски да одземат и срушат тениски терен каде што се рекреираат граѓаните на Карпош, но и тренираат тенис стотина мали деца на истиот терен, кој е здобиен на легален начин за што постои и документација.

Концесионерите на терените велат дека во рамки на терените функционира и школа за тенис која успешно работи со години, а тие имаат голем број на успеси и освоени пехари.

Според информации на наши извори причината за ваквото постапување на Богоев се бизнис мотиви, односно крајната цел е преземање на бизнисот од страна на блиски луѓе на градоначалникот, каде меѓу другото освен тенискиот терени има и мал шанк за служење кафе на родителите кои ги чекаат своите деца додека им траат часовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.