Пратеникот Стефан Богоев од СДСМ најпрво на социјалната мрежа Facebook објави статус оти за време на случувањата во Собранието во четвртокот дека тие „се добро и дека полицијата помага“.
Потоа во налетот на креирање на мислење кај јавноста од страна на неговата партија дека виновна е полицијата Богоев го избриша својот статус.
СДСМ со ова уште еднаш само се фатија како ја жртвуваат вистината и манипулираат со јавноста, пишува Курир.
Во четвртокот вечерта по неделовничкото назначување на претеникот од ДУИ Талат Џафери за нов собраниски спикер по предлог на СДСМ, и особено откако од собраниската говорница беше пеена химната на соседна Албанија, предизвиканата маса народ која дотогаш два месеца мирно протестираше и бараше од СДСМ да се повлече од Тиранската платформа како услов да формира влада со албанските партии, влезе во Собранието при што дојде до немилите сцени.