Пратеникот на СДСМ Павле Богоевски, користејќи го пратеничкиот имунитет ја злоупотреби Собраниската говорница да пласира лаги во јавноста без да понесе одговорност, за истите тие лаги ведаш да се прошират по Соросовите медиуми.
На денешната седница Богоевски изнесе информации дека Никола Груевски има направено огромна сметка за телефон, за што подоцна самиот пратеник на СДСМ кажа дека таа информација не е проверена и дека не вистинита.
-Ја разбирам скепсата за верување на информации кои се презентирани со скенирани фотографии и затоа денеска од претходните два пати, кога тврдев и тврдам дека има криминал однапред реков дека не сум сигурен во вистинитоста на информациите, рече Богоевски.
Откако пратеникот на СДСМ ја изнесе оваа лага на Собраниската говорница со огромна брзина истата информација беше проширена на сите портали и медиуми финансирани од СОРОС и блиски до СДСМ.
Пратениците на СДСМ на овој начин преку пласирање на лаги и манипулации пробуваат да ја избегнат дебатата за Тиранската Платформа.
Инаку, истиот овој Богоевски кој користејќи го пратеничкиот имунитет ја злоупотреби Собраниската говорница да пласира лаги во јавноста, донираше 184 илјади денари за кампањата на СДСМ.