Богов: Банкарскиот сектор е стабилен

Банкарскиот сектор е стабилен, сигурен и довербата е на високо ниво. Дури и да дојде до промена на акционерската структура во некои банки НБРМ води сметка новите акционери да бидат барем на истото ниво на квалиет, како и претходниот, ова го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов во врска со најавата дека француската групација „Сосиете женерал“ ќе ја продава Охридска банка во Македонија.

Што се однесува на проекциите на економски раст од 3,2 отсто се уште е рано да се каже дали годинава ќе биде постигнат вели Богов. Резултатите од новата рунда на проекции Народната банка ќе објави на почетокот на идниот месец. Она што со сигурност може да се каже дека извозот изминатите неколку месеци оди многу добро.