Богов: Нагорен тренд на економијата и подобар кредитен раст

Во земјава се забележува нагорен тренд на економијата, подобрување на кредитниот раст и зголемување на активноста банките, потенцираше денеска гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој денеска имаше предавање на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во организација на Студентскиот парламент.

Иако постојат надворешни ризици, како што нагласи Богов, сепак македонската екомоија е тренд кој очекува да продол7и и понатаму.

„Се очекува импулсот на странските директни инвестиции и јавните инвестиции да продолжи и годинава. Изградбата на двата патни правци Кичево-Охрид и Скопје-Штип, како и пругата кон Бугарија ќе придонесат за задржување на високото ниво на јавни инвестиции“, рече Богов, кој нагласи дека трет фактор е тоа што очекува растот во европската еконономија да ја зајакне побарувачката на традицоналните производи што ќе придонесе за поголем раст на БДП.

Тој не очекува во рамки претстојниот изборен циклус да бидат предизвикани позначајни турбуленции. Каматните стапки, како што рече првиот човек на НБРМ, се на историски најниско ниво од осамостојувањето меѓу 6 и 7 проценти што претставува поволен услов за бизнисот.

„Минатата година имавме слаб раст на кредитирањето на компаниите околу 1,5 процент, а во последните месеци почна да расте, а кај населението растот беше 10 проценти“, рече Богов.

Гувернерот нагласи дека девизните резерви се на стабилно ниво, нема некои позначителни промени во последните два месеца и нема никаков потенцијал за загрозување на макроекономската стабилност.

Во врска со буџетски дефицит од почетокот на годината, одговарајќи на новинарско прашање, Богов потенцираше декаа не е почувствувано нарушување во рамнотежата на економијата и оти значајно е дефицитот до крајот на годината да се задржи во предвидените рамки.