Бојан Јовановски познат како Боки 13 преку својот правен тим до медиумите испрати Отворено писмо, за сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев. Во писмото, Јовановски открива низа скандали поврзани со Заев, нивната комуникација, но и, како што тврди Јовановски, мешањето на Заев во судската власт.
Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото на Јовановски до Заев.
Размислив дали да ве персирам во ова отворено писмо, па одлучив истото да го започнам на перси, а како ќе завршиме ќе видиме…Неисе, на крајот не важно дали ќе ве персирам или не, важна е суштината на ова писание, а суштината е ВИСТИНАТА, КОЈА ТОЛКУ МНОГУ ВЕ БОЛИ И ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКАТЕ ДА ЈА СОКРИЕТЕ СО ПОМОШ НА ВАШИТЕ ПИОНИ, ЛАМФЕРИ, ТОПОВИ И КОЊИ (ќе се препознаат сите кој која фигура е)
На самиот почеток на ова писмо укажувам дека истото е составено од несоборливи и ноторни факти и дека стојам позади содржината под целосна морална, правна и кривична одговорност!!! Сите наводи во ова писание произлегуваат од содржината на мојот телефон и од остварените комуникации на апликацијата what’s app! Вие господине Заев после ова писмо сте должни поради сериозноста на наводите и високиот степен на јавниот интерес да одговорите на секое прашање или на сите наводи или пак господине Заев демантирајте ме, тужете ме, докажете дека не ја говорам вистината и гонете ме! Не ви се плашев и не ви се плашам воопшто и покрај заканите кои ми ги пративте вие и вашиот брат Вице Заев преку ваши емисари и потрчковци дека ќе ме ликвидирате и дека нема жив да излезам од затвор, јас денеска при чиста свест и силна волја ви се обраќам и ќе ве соголам пред јавноста аргументирано и со факти. Машки ви се обраќам Зоране Заев и ве молам машки да одговорите, нели ме нарековте п*дер во месец Август 2019 година, па еве сега прилика да видиме кој е п*дер ако кој маж, по карактерна особина де, така нели мислевте кога ме навредивте јавно и гнасно, простачки и најдолно?!?!
Елем, мене вашата оставка не ми значи ништо ама баш ништооо, таа театарска оставка поделена во повеќе драмски чинови е само ваш нов лукав политички маневар, маневар за спас, а не чин на одговорност и демократија, ма каква црна демократија, вие сте најпластичниот пример кој што ќе го памети оваа држава по анархија, предавство, криминали, корупција и лаги, а најмалку по вистинска демократија!!! Мене Зоране Заев ми значи само понесување на ваша кривична одговорност и согласно закон добивање на правна последица за сето сторено во изминативе години!!! Вашата оставка поднесена како чин од морален карактер е смешна, бидејќи веќе е докажано дека вие сте последниот кој може да се повика на морални и етички вредности. Така да Зоки доста ги лажете луѓето никој не ви верува, дури ни оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат, не ви веруваат! Доста веќе со замајување и со платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец. Меѓудругото за волја на вистината и мене ме раководел истиот тој Марјан Забрчанец додека постоеше 1ТВ, па така на дневно ниво по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер! Е тоа се вашите методи, но полека ќе стигнеме до секоја точка што мораме да ја разјасниме во ова писмо! Комуникацијата помеѓу мене, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски тогашен некаков министер за транспарентост и отчетност се одвиваше на what’s app апликацијата, а јас не сум избришал ништо, од комуникацијата може да се види бруталната злоупотреба на медиумите за потребите на власта, за твоите лични потреби господине Заев, за спас на твоите политики.
И да, 1ТВ немаше добиено ниту еден денар од државата или пак од СДСМ, заради тоа што кога некој ве снимал кажавте дека сте ми помагале со финансии за одржливост на телевизијата, лажете како и секогаш, лажете и гледате во очи, лажете без пардон, лажете до коска и ја ставате раката на срце, вие сте патолошки случај со минахаузенов синдром, лажете и кога не треба и верувате во сопствените лаги!!!
Во ова писмо ќе ве потсетам на важни дејствија каде вие сте главен актер, на сите ваши свесни манипулации, на вашата поврзаност со повеќе лица од криминалното подземје, на ваша директна поврзаност со случајот Рекет, но и со други криминогени активности од ваша страна, па во тоа име ќе ви поставам прашања и тези, кои ако не сега еден ден ќе морате да ги одговорите, ве уверувам во тоа!!!
Сега Зоране Заев одиме по ред!
Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример повелете… Лицето Силјан Мицевски бизнисмен од Битола наводно измамен од мене во случајот Меѓународен Сојуз, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите! За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!!
ВНИМАНИЕ!!!
Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен Сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!!
Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како материјален доказ, како и се друго што наведов и што ќе наведам во ова отворено писмо!
Вакви слични примери има со повеќе лица и компании, добро знаете каде и кого се пустошевте како што милувате да кажете ЗА ТИЕ ПУСТИ ПАРИ! А да, Силјан му даде и на Александар Кирацовски тогаш генерален секретар на СДСМ едно убаво плико полно со евра како знак на благодарност за тендерската документација и позитивната одлука на тендерската комисија. Го уништивте човекот! И потоа јас сум рекетирал и сум земал пари, срам ве било!!!
Одговорете дали преку мене стапивте во контакт со покојниот Жарко Луковски и за што се гледавте во премиерскиот кабинет? Одговорете дали договаравте мултимилионски проекти со вртоглави незаконски провизии кои Луковски требаше да ви ги исплати и дали вие го делегиравте Драги Рашковски како ваш човек од доверба кој беше задолжен за спроведување на мултимилионските проекти и за исплатите на провизиите односно коруптивните награди од Жарко Луковски?!?!
Одговорете дали на прашање од Жарко Луковски со кого да ја продолжи работата вие му велите дека е најдобро со Рашковски?! Е за овој бизнис не сакавте да знае вашиот брат Вице Заев бидејќи и тој го имаше таргетирано Жарко Луковски, кој исто така беше таргетиран и од еден ваш друг близок соработник! И за ова Зоране Заев ја имам целата комуникација од what’s app апликацијата помеѓу вас и покојниот Луковски бидејќи тој ми ја испраќаше во форма на screen shot на мојот телефон на what’s app апликацијата! Нема бегање од вистината!!!
Одговорете дали Зоран Милевски ви беше човек од доверба, на кој му поверувавте извршни задачи од удбашко/криминален карактер?! Со лицето Зоран Милевски Кичевскиот имавте исто така средби во премиерскиот кабинет, па така ви ја носеше и Ана Камчева, други обвинети во предметот ИМПЕРИЈА, разно разни самонаречени инвеститори од земјава и странство, дилери на наркотични средства… Знаете ли Зоране Заев дека истиот тој ваш омилен извршител ве снимал цело време и вас, па така да ве потсетам дека јас во тоа време со дотичниот бев во многу блиска релација па ме информираше за сите негови активности и задачи кои ги извршуваше за вас. Горделиво зборуваше за вас, но сепак и вас ве снимаше! Неколку примери ќе издвојам за вашите релации и комбинации со Кичевскиот! Местењето на изборните резултати за претседателските избори кога едвај победи Пендаровски за охридскиот регион одеше се преку вашиот омилен Зоран Милевски Кичевскиот. Покрај претседателските избори имаше и локални избори во Охрид па така градоначалник бидна тој некој Константин. Повторно по макотрпна работа на Кичевскиот и манипулирање со група гласачи египјани. Па вие лично го испративте Киевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!!!
Одговорете дали ми имате испратено порака на апликацијата what’s app со следна содржина: Дали СМ (Сашо Мијалков) ќе гостува во телевизија и дали ќе повика за референдум? Оваа порака ми ја испративте додека јас бев на ручек со Мијалков во хотелот Мериот (месец Јуни 2018) со кој договарав и преговарав за телевизиско интервју во 1ТВ, а подоцна по ваш налог почнав да преговарам за референдумското прашање, за делувањето на Мијалков против раководството на ВМРО ДПМНЕ и јавните писма против Мицкоски?!?!
Вие точно знаете дека Мијалков прво на мене ми ги испраќаше писмата кои подоцна ги пласираше во јавност против Мицкоски? Да појаснам, прво вие со лицето Сашо Мијалков имавте посредна комуникација преку извесно лице по име Столе, па потоа посредната комуникација се одвиваше преку мене за на крајот да имате лична и директна комуникација! Елем, се сеќавате ли што се договоривте со Мијалков откако ја започнавте вашата лична комуникација? Ви бараше ли Мијалков да му завршите работа за да му биде вратен пасошот кој му беше одземен по барање на СЈО?! Се сеќавате ли дека се договоривте со Мијалков за кои предмети ќе биде осуден (поради јавноста)?! Се сеќавате ли како и се деревте на Катица Јанева што ги притворила Камчев и Мијалков за случајот ИМПЕРИЈА, месец Ноември 2018? Бевте избезумен поради тоа што токму тие двајца ви ги обезбедувале потребните пратеници за гласање на уставните измени?! Се сеќавате ли дека на денот на притворот на Камчев му се јавивте на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за ИМПЕРЈА?! (не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен). Се сеќавате ли колку пати беа во вашиот кабинет Зоран Милевски Кичевскиот и Камчев уште летото пред да биде отворен предметот ИМПЕРИЈА?! Одговорете јасно што се договаравте со Јордан Камчев кој за вас во еднаш тогаш дадено интервју кажа дека сте најдобриот премиер што го имала нашата држава.
Дали вечерта додека се одлучуваше за притворот на Камчев по предметот Империја и се јавивте лично на судијата Весна Димишкова да и влијаете да не одреди притвор туку други мерки и за возврат и ветивте повисока судиска функција?! Овој одговор го има во податоците во мојот телефон!!!
Одговорете сега кои се тие ваши заеднички, ваши и на Камчев бугарски пријатели кои ја организираа операцијата наречена РЕКЕТ која беше извршена од Русковска и со која операција е нарушен суверенитетот на државата?!кажете во какви бизнис релации сте со тие лица од соседна Бугарија и колку нечисти пари имате избројано, па сте им должни по повеќе основи?!
Одговорете зошто тој директор на тогашната УБК Горан Николовски Џони не преземал никакви службени дејствија кои морал да ги преземе по слово на законски надлежности овластувања? Доколку споменатиот Џони (со надимак како маалско куче) преземел службени дејствија не мораше да биде целиов циркуз, нели така? Сега ќе имавме познат сторител фатен на дело со пари во рака, а не вака една правна расомонијада!!! Но сега ви поставувам и конкретно многу суштинско прашање, дали Џони ве штитеше од сторен криминал вас лично и вашиот брат Вице Заев па затоа денес јас сум во затвор наместо вие и вашиот брат, господине Зоран Заев?!
Се сеќавате ли Зоране Заев дека ми кажавте дека можете да го згаснете СЈО кога и да посакате бидејќи Катица Јанева со нејзиното делување ви правела политички проблем?! Категорично тврдам дека СЈО го згаснавте вие и вашите пајташикримоси, а знаете зошто и кои ви беа вистинските побуди да не постои СЈО!
Одговорете и на јавноста заради што ја викавте Катица Јанева во вашиот кабинет и на кој начин ја уценивте да му го врати пасошот на Јордан Камчев (кога се појави некаков спортски натпревар надвор од државата).
Признајте дека вие извршивте влијание таа да даде позитивно мислење за издавање на времен пасош на Камчева, судот тоа го одобри тоа е во месец Април и Мај 2019 година, баш во критичниот период за кој јас бев обвинет а денеска осуден. Осуден сум токму под истата околност дека сум и влијаел на Катица да му го врати пасошот на Камчев, а вие Зоране Заев го сторивте тоа бидејќи бевте во прљава криминална шема со лицето Јордан Камчев. Јас немав никаква врска ниту со пасош ниту со пуштање од притвор на Камчев!!! Вие ја уценивте Катица Јанева и за пасошот на Камчев и за пуштањето од притвор на Камчев и Мијалков вие Зоране Заев имавте реален авторитет поради вашата премиерска функција па на тој начин можевте да извршите влијание врз Катица Јанева, а не јас!!! Јас сум имал комуникација и дружење со Катица и тоа не го порекнувам и стојам позади што било!!!
Јас сум имал состаноци и со Камчев и со други лица, од бизнис секторот, јас сум водел медиум и на мене како приватник ми доликувало да преговара со бизнисмени и да се договарам со нив за пари и рекламирање, но на вас Зоране Заев не само што не ви доликувало туку ви било забрането согласно Закон затоа ќе сносите кривична одговорност кога тогаш!!!
За мене скоро па сите од СДСМ велевте дека не сте ме познавале, дека сте ме познавале само преку телевизија, па потоа дека сум ве злоупотребувал. Ма немојте ве молам, па нели се срамите, имате ли тронка човечко достоинство? Инаку да, во една прилика во мојот дом покрај сите други кои биле на гости, беа Радмила Шекеринска и Катица Јанева и точно е дека никогаш со Радмила не сум зборувал за никаков Орце, за никаква ИМПЕРИЈА, за никаков Мијалков, туку зборувавме за носењето на Законот за СЈО кој беше во подготвителна форма, а доказ за истото постои во мојот телефон во мојата маил комуникација каде Рената Дескоска ни го испрати предлог законското решение кое го емитувавме во вестите на 1ТВ. И токму така беше, Радмила е една од ретките чесни и достоинствени политичари која веројатно се згрозувала од вашите заевистички пазарења и криминали!!!
Кога сме веќе кај гостите што доаѓале кај мене ги има повеќе на број, но ќе дојде ред па ќе објаснам за секого и се што ќе биде потребно за кристализирање на многу односи, релации и недоречености кои лебдат во воздух.
Господине Зоране Заев се сеќавате ли како присилно ме натеравте да напишам писмо додека бев во Шутка каде што ќе го величам вашето име и ќе напишам дека немате врска со случајот рекет??? Е тогаш ме натеравте присилно да пишувам писмо, ми го уништивте семејството, го инкриминиравте мојот татко во кривични процеси само поради притисок врз мене, ми ја уништивте телевизијата, ме оцрнивте и од мене направивте најголем злосторник и криминалец, но ете дојде ден кога своеволно ви го пишувам ова писмо полно со факти и аргументи!
Па затоа на самиот крај ви поставувам уште едно прашање… господине Зоране Заев до кога мислите да се правите луди за наводното бегство на Никола Груевски?!?! Категорично и недвојбено тврдам дека вие сте оној кој му помогна на Груевски елегантно да си замине во Будимпешта!!!
На мене лично ми кажавте дека тоа е политичко решение!!! И затоа тишина и никогаш повеќе не го споменувајте бегството на Груевски!!!
Имам уште многу теми, тези, прашања и одговори но ќе ги оставам за следно продолжение. Што се однесува до Меѓународен сојуз и целиот тој случај ќе се видиме очи во очи на суд па ќе ви поставам директни прашања поврзани со случајот каде на обвинителна клупа седат невини луѓе!!!
Во смисла на сето ова што го напишав во ова отворено писание, подготвен сум да одговора на сите овие теми на секое прашање при полиграфско испитување, пред целата јавност, во име на вистината!!!
Знаете зошто апелацискиот суд ни ја потврди правно безмислената и катастрофална пресуда за предметот Рекет донесена од братучетката на Иван Џолев, судија Васка Николовска Масевска??? Само поради вашето влијание и вашите притисоци да не се дознае вистината и утврди вашата вина!!!
Јас лежам невин, осуден без доказ и со прљава пропаганда!!! Не дек јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе!!! Тоа што сега од страна на МВР и Русковска мистериозно се исчезнати комуникациите од апликацијата what’s app од мојот телефон е јасен показател за вашиот страв, но не заборавајте сите вие дека уништување на доказен материјал е тешко кривично дело па така сите учесници колективно ќе си одговарате!!!
Господине Зоране Заев наместо да се подготвувате после оваа театарска оставка да возите мотори со Филипче, подгответе си адвокатски тим и подгответе добра одбрана, ќе ви биде потребно!!!
После ова отворено писмо, барам од државата неприкосновена заштита на мојот физички интегритет а воедно и заштита на членовите на моето семејство и блиски луѓе до мене, поради сериозноста на изнесеното и поради познавањето на структурата личноста на која е наменето ова писмо, барањето е основано и неопходно!!!
Случајот РЕКЕТ не е завршен, тек започнува…
Продолжува…
TO BE CONTINUED…
Срдечен поздрав,
Бојан Јовановски