Боки 13 имал снимка со која ќе докаже кој заминал со парите

Одбраната на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека запленетата гардероба на неговиот клиент е купена многу порано од периодот на кој се однесува обвинението и таа не е никаков доказ негова вина, во воведните зборови на судењето.

-Немам намера да докажувам кој сум, но ова е срамна реторика. Врз нас се врши јавен линч, загрозен е мојот живот и на моето семејство. Се води валкана политичка игра која завршува на овие плеќи. Овој настан од кривично правен се претвори во сензација. Бруталниот настап на обвинителката следува по оној со најавата за тресење на гаќи на судии. Тоа е закана и за овој судечки совет, рече Јовановски.

Тој рече дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.

-Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докажат кој заминува со торбата и каде, рече обвинетиот Јовановски.