Боки 13 со нови тајни искази открил сѐ за случајот „Рекет“, следат обвиненија за нови лица

Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа, пишува Вечер.

Наредниот понеделник, 23-ти декември, распитот продолжил и траел околу три часа.

Што е ново што Бојан Јовановски, Боки 13, имал да и каже на обвинителката Вилма Рускоска? Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат намера да го жртвуваат и да се сокријат себе, Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.

Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.

Повеќе прочитајте на Вечер