Боки 13: Tие што навистина ги украдоа парите од граѓаните се на слободa

Бојан Јовановски во обраќањето пред Апелацискиот суд се осврна на пуштањето во домашен притвор на Зоран Милевски Кичеец кој подоцна го призна делото.

-Зоран е пуштен за да и даде некакви снимки на Рускоска. Тоа е мое мислење- рече Боки.

Според него, целта е по секоја цена да се држи во притвор.

Ме држат небаре сум ги украл парите од граѓаните, а тие што навистина ги украдоа парите од граѓаните се на слобода- смета Јовановски.