„Боко Харам“ на листата терористички организации на ЕУ

Нигериската група „Боко Харам“ се најде на листата терористички организации на ЕУ.

Ова значи замрзнување на сметките на организацијата и на нејзините претставници во земјите од Унијата и воведување на ембарго за оружје.

На оваа листа исто така е додадена и организацијата „Фронот ал Нусра“, која е активна претежно во Сирија.