Боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора (Луис Арсе) изјави дека има намера заедно со другите латиноамерикански земји да осмисли единствена политика за литиумот кој ќе биде од полза за нивните економии, поддржувајќи го предлогот на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор за формирање „литиумски“ според образецот на нафтениот картел Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).
Се проценува дека Боливија поседува 21 милион тони неискористени резерви од литиум, што е најголемото количество во светот, на познатите рамници на еден чекор од ткн „литиумски триаголник“ кој го затвораат наоѓалиштата во Чиле и во Аргентина.
„Мораме да бидеме обединети и суверени на пазарот, со цени коишто работат во полза на нашите економии, а еден од начините, како што предложи мексиканскиот претседател…. е размислувањето за некој вод литиумски OPEC“, рече Арсе во говорот во Ла Паз.
Според него, целта е Боливија, Чиле, Аргентина и Перу да се позиционираат како „потенцијални промотери на новите форми на складирање енергија што ќе овозможи да се надвладее користењето на фосилните горива“.
Побарувачката на литиум, кој се користи за изработка на батериите за полнење кај електричните возила и другите електронски уреди, кон крајот на минатата година ја крена цената на овој метал на околу 85.000 американски долари за тон.
Најголемиот произведувач на литиум за индустријата во светот американската рударска компанија „Albermarle“ работи во соседно Мексико. Други американски компании, како на пример „Livent“ изразија подготвеност со литиум од Аргентина да го снабдуваат германскиот автомобилски гигант BMW.
Вториот најголем произведувач на литиум во светот е чилеанската корпорација SQM, во којашто сопственички удел од 24 отсто има кинеската корпорација „Tianqi Lithium“. Кинеските големи произведувачи на литиумски батерии како CATL и „Ganfeng Lithium“, исто така, ги зголемуваат своите удели во Латинска Америка.