Болницата Козле станува Ковид центар

Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле ќе почне да прима пациенти заразени со корона вирус.

Децата кои сега се сместени таму ќе бидат преместени на Детската клиника. Болницата има 60 места за возрасни заразени со ковид 19 и 15 за деца. Болницата ќе стане  Ковид 2 центар.

Во болницата ќе дојдат и лекари и сестри од другите градови и од Инфективната клиника.

Во Козлеќе се сместуваат пациенти со полесна и средна клиничка слика .