Болниците во Белгија бараат лекарите со ковид-19 да продолжат да одат на работа

Лекарите од белгискиот град Лиеж кои се позитивни на коронавирус ќе продолжат да одат на работа, објави Би-Би-Си.

Околу четвртина од медицинскиот персонал таму е заразен со ковид-19. Досега 10 болници побарале од персоналот кој е позитивен а нема симптоми да продолжи да работи.

Шефот на белгиската Асоцијација на медицински синдикти изјавил за Би-Би-Си дека немаат избор и дека треба да спречат да колабира болничкиот систем за неколку дена.

Д-р Филипе Девос признал дека има очигледен ризик од пренос на вирусот на пациентите. Еден од тројца луѓе добива позитивен резултат во ова источно белгиско гратче. Болниците ги откажуваат операциите што не се итни и ги префрлаат пациентите со ковид-19 на сите оддели.

Претходно, министерот за здравство Франк Ванденбруке предупреди дека се блиску до цунами од инфекции кое властите не ќе можат да го контролираат.