Новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро по инаугурацијата во вторникот во обраќањето до нацијата рече дека отсега земјата предводена од него конечно ќе биде престорена, ослободена од идеологии, од „социјализмот и политичката коректност“.
„Денеска е денот кога народот започнува да се ослободува од социјализмот и политичката коректност. Оваа е нашето знаме и тоа никогаш нема да биде црено, освен доколку дојде до пролевање на крвта“, изјави ултрадесниот националист Болсонаро во говорот пред маса приврзаници, жесток антикумунист веејќи го бразилското знаме.
Шеесет и тригодишниот Болсонаро претходно во протоколарниот говор во Конгресот вети пресметка со корупцијата со политиката, насилниот криминал, економската неодговорност и идеолошките стеги.
„Имаме единствена можност да ја преустроиме земјата. Денес поставивме пред Бразил сложена задача, да започне ново поглавје во историјата, кога земјата ќе стане силна“, рече Болсонаро во својот говор пред пратеничкиот дом во Националниот конргес по стапувањето на должноста, што го пренесуваше парламентарниот телевизиски канал а се одржа под силни безбедносни мерки, меѓу кои и затворање на бразилскиот воздушен простор.
Според Болсонаро, неговиот тим има намера да работи без политички предрасуди, што претходно ја направило државата неефикасна и корумпирана. „Ќе спроведеме структурни реформи кои ќе бидат важни за одржливоста на јавните финансии. Треба да ги отвориме нашите пазари за меѓународната трговија“, рече новиот бразилски претседател.
Болсонаро вети дека ќе ја ослободи земјата од корупција, идеолошкиот притисок, а исто така да се изгради општество без дискриминација и поделби. „Бразил во прв ред, и Господ во прв ред“, рече на крајот од говорот.
Поранешниот воен капетан и долгогодишен конгресмен избран е за првиот крајно десен претседател на Бразил од крајот на воената диктатура, пред три децении, на бранот на незадоволството на јавноста од владејачката елита.
Меѓу странските гости на инаугурацијата присуствуваа американскиот државен секретар Мајк Помпео, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, унгарскиот премиер Виктор Орбан и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса.
„Ќе воведеме ред во оваа емја. Ќе се почитува демократијата и ќе се спроведат болни економски реформи се потребни за економијата повторно да се исправи.. Имаме голема нација којашто треба да се обнови… Може да сметате дека ќе се заземан за градење на Бразил од нашите сништа“, рече Болсонаро за потребата од обновувње на најголемата економија во Латинска Америја и вети дека тимот од „талентирани министри“ кои треба сето тоа да го спроведат.
Вети градење земја без дискриминација и поделби, меѓутоа и ги критикуваше „инверзивните вредности“, алудирајќи на теоријата на родот против која се бори. Во следната јасна референца, овојпат на носењето оружје, рече дека добрите граѓани „заслужуваат да имаат начини да се бранат“.
Болсонаро ја презема функцијата претседател на четири години до 31-ви декември 2022 година. Тој победи во вториот круг на изборите на 28-ми октомври. Болсонаро доаѓа од конзервативната Социјал-либерална партија. Генерално, аналитичарите се согласуваат дека Бразил го очекуваат остро свртување „надесно“, дури и споредено со мандатот на неговиот претходник Мишел Темер.
Болсонаро е познат по неговите ултрадесни и популистички ставови. Уште на почетокот на својата кампања отворено изјавуваше дека негов пример американскиот претседател Доналд Трамп, познат во светот по неговата непредвидливост. Исто така, не се либеше од контроверзни изјави за жените и сексуалните малцинства. Во едно интервју рече дека жените треба да земаат помали плати од мажите, бидејќи може да забрамени и да замине на породилно отсуство. Болсонаро, исто така, се залага за укинување на слободното поседување огнено оружје и предлагаше засилување на казните за кривични дела од сексуална природа. Исто така, носталгично зборуваше во одбрана на времето на бразилската воена диктатура од 1964 до 1985 година.
Во надворешната политика, ставовите на Болсонаро на многу начини се слични на оние на Трамп во време на неговата претседателска кампања од кои некои реализираше. Така, Болсонаро вети пренесување на бразилската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и забрана на претставништвото на Палестинската национална администрација. Тој исто така е многу одлучен во однос на Венецуела и Куба, најавувајќи мерки против тамошните левичарски влади во однос на владеењето на правото и демократијата.